Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претседателот на Русија, Владимир Путин, го смени потпретседателот на Олимпискиот комитет, Ахмед Билалов, поради доцнењето во изградбата на скокалниците за Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Сочи во 2014 година
Агенцијата „Прајм“, повикувајќи се на владини извори, објави дека ЗОИ во Сочи ќе бидат најскапите во историјата на олимпизмот и ќе чинат 51 милијарда долари, петпати повеќе од првично планираните трошоци. Во изградбата на сите објекти за ЗОИ досега се вложени три четвртини од наведената сума, а најмногу пари се инвестирани во инфраструктурата на Сочи, како и за изградбата на прекрасните спортски објекти.
За споредба, САД за инфраструктурата и за олимписките борилишта за ЗОИ во Солт Лејк Сити 2002 година потрошиле три милијарди долари. Италијанската влада за ЗОИ во Торино во 2006 година издвоила околу 2,7 милијарди долари, а за ЗОИ во Ванкувер, Канаѓаните, според различни извори, од 1,7 до 3,4 милијарди долари.
ЗОИ во Сочи ќе ја чинат Русија 10 милијарди долари повеќе од ЛОИ во Пекинг 2008 година, кои се сметаат за едни од поскапите. Поранешните искуства велат дека Зимските игри традиционално се доста поевтини од Летните.