Федерер повторно прв на АТП листата По седмиот триумф на „неофицијалното Светско првенство во тенис“ во Вимблдон, Швајцарецот Роже Федерер се врати и на врвот на листата на најдобри тенисери во светот. Роже Федерер кој вчера ја освои седмата титула на Вимблдон, од денеска и официјално се врати на првото место на АТП листата.
Кошаркарите на Русија и Литванија се пласираа на ЛОИ во Лондон Кошаркарите на Русија и на Литванија обезбедија пласман на Олимписките игри во Лондон откако синоќа на квалификацискиот турнир во Каракас забележаа победи во полуфиналните средби против Нигерија, односно Доминиканска Република.
Кошаркарите поразени од Доминиканска Република Со поразот од Доминиканска Република, кошаркарите на Македонија го завршија настапот на квалификацискиот олимписки турнир во Каракас. Кошаркарската репрезентација, како ватерполо и ракометната, не избори пласман на ЛОИ.
Извлекување на групите во ракометната Лига на шампиони Во Херцогенаурах, Германија, денеска ќе биде извршено извлекувањето на групите во Лигата на шампионите за ракометари и за ракометарки.
Македонија против Доминиканска Република Кошаркарската репрезентција на Македонија четвртфиналниот натпревар на квалификацискиот олимписки турнир во Каракас против Доминиканска Република ќе го одигра утревечер половина час пред полноќ по македонско време.
Серена ја исфрли шампионката Квитова од Вимблдон Петра Квитова не успеа да ја одбрани минатогодишната освоена титулата на Вимблдон во четвртфиналето, откако беше поразена од Серена Вилијамс со 3:6, 5:7 по речиси час и половина игра.
Средношколци организираат турнир во мал фудбал Унијата на средношколци на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, по трет пат организира турнир во мал фудбал „Соколана 2012„.
Лазовски: Верувам во победа против Нов Зеланд Репрезентацијата на Македонија го загуби првиот натпревар на предолимпискиот турнир против Ангола со 84-88. Селекторот Марјан Лазовски, на прес-конференцијата по мечот, ја честиташе победата на африканскиот состав, напоменувајќи дека ништо не е загубено и тимот е се уште самоуверен.
Македонската кошаркарска репрезентација влегува во олимписките квалификации Кошаркарската репрезентација на Македонија ја има последната шанса да ја сруши лошата традицијата на македонскиот спорт и на Олимписките игри во Лондон нашата држава да биде претставена од многубројна делегација наместо со спортисти кои можат да се пребројат на една рака.
Шпанија ја одбрани титулата на Еуро 2012 Со победата од 4:0 над Италија, Шпанија стана новиот-стар шампион на европското првество во фудбал.
Најголем резултат во македонскиот велосипедизам Зоран Ристовски, репрезентативец на Македонија, член на најдобриот велосипедски клуб во Македонија, Вело М Куманово, го оствари најголемиот резултат во македонскиот велосипедизам.
Шпанија и Италија во борба за европската круна Фаворитот Шпанија ќе се обиде да ја освои третата титула по ред на големите фудбалски турнири, а Италија се надева на изненадување и на втората титула фудбалски првак на Европа.
Блејк стана 4. најбрз човек во светот Актуелниот светски шампион Јохан Блејк успеа да го совлада најбрзиот човек на светот Усаин Болт на трката на 100 метри на олимписките квалификации на Јамајка, најавувајќи жестока пресметка за тронот во Лондон.
Надал елиминиран уште во второто коло на „Вимблдон“ Шпанскиот тенисер Рафаел Надал синоќа беше елиминиран во меч од 2.коло на „Вимблдон“ од малку познатиот чешки тенисер Лукаш Росол со 3:2 во сетови, а мечот траеше три часа и 18 минути.
Кошаркарите убедливо совладани од Порторико Македонската кошаркарска репрезентација синоќа убедливо загуби со 96-77 во првиот од двата пријателски мечеви против Порторико.
Шпанија прв финалист Фудбалерите на Шпанија се првите финалисти на Европското првенство во Полска и Украина, откако синоќа по подобро изведената серија во пенал-рулетот со 4-2 (0-0) славеа над Португалија.