170 новогодишни пакетчиња подели ГРОМ
30.12.2013 11:55
| KumanovoNews
ГРОМ Куманово подели 170 пакетчиња на деца од загрозени семејства, деца на нивни членови и деца со посебни потреби.

Во партиските простории поделивме 60 пакетчиња, во Центар за култура повеќе од 100 пакетчиња. Целта ни е тие да се чувствуваат среќни како и сите други деца. Би сакал Новата година да ја честитам на сите граѓани на Куманово. Здравје, среќа и успех во 2014 година - изјави Никола Стојковски, секретар на ГРОМ Куманово.
Претставници на ГРОМ денеска ќе ја посетат “Порака наша“ и ќе однесат подароци за корисниците.