40 жени добија преквалификација за работа
12.12.2013 10:02
| KumanovoNews
За една година 41 жена од ромска националност се преквалификуваа за работа преку невладината организација ДРОМ.

Од нив 28 жени беа на обука кај познат работодавач, а другите посетуваа курсеви за што добија сертификати.
Имаше курсеви за козметика, пекарство, за фризери. Тоа се струки кои беа дефицитарни на пазарот покажаа направените анализи. Повеќето од тие жени кои покажаа афинитети кон струките останаа да работат. За жал буџетот беше скратен, инаку требаше барем уште 2 месеци да траат тие обуки - вели Ахмет Јашаровски, извршен директор на ДРОМ.
Со курсевите беа опфатени самохрани мајки, разведени жени и жени со скромно образование.