×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 5 години Kumanovonews

    28.04.2013 07:33 | KumanovoNews

     Kumanovonews денеска слави мал јубилеј, 5 години постоење и успешна работа.

    5 години Kumanovonews

    Пред пет години на големиот христијански празник Велигден, започна со работа интернет весникот „www.kumanovonews.com„. Скромно, но со многу љубов и eнтузијазам почнавме да градиме нова ера во информирањето во Куманово.

    Kако прв информативен Портал во регионот, Kumanovonews предизвика пресврт во брзиот и неограничен пристап до информациите и комуникациите, а со својата висока професионалност, богата информативна разновидност и медиумска покриеност на сите актуелни настани, достигна огромна читаност, посетеност и доверба кај граѓаните.

    Нас не следат генерации од најразлични возрасти и националности, како во регионот така и бројните иселеници, емигранти и печалбари, кои се наоѓаат во голем број странски земји, особено во кризните подрачја на Блискиот исток и меѓународните мисии.

    Во изминатиот период Kumanovonews израсна во вистински креатор на електронското информирање во регионот и се наметна како сериозно информативно гласило во националниот медиумски простор. За тоа зборува фактот што нашите информации не ги превземаат само локалните медиуми, туку и националните веб портали.

    Она што не прави горди и што не издвојува од останатите електронски медиуми е тоа што во информирањето приоѓаме со еднаква застапеност на настаните од сите етникуми во градот, почнувајќи од најбројната-македонската, албанската, српската, ромска, влашка заедница, односно посветуваме особено внимание на мултикултурниот карактер со кој се одликува регионот.  

     Kumanovonews се наметна како информатор и за општинските и државни институции од кој ги дознаваат недостатоците и пропустите во работењето во рамките на сопствените надлежности. Највисокиот дострел со протокот и постирањето на информациите, пак,го имаме постигнато со тоа што сме афирматори на малите и големите успеси на обичните луѓе.

    Во досегашното посотоење постојано ги надградуваме своите технички и новинарски капацитети, а порталот се надополнува со нови рубрики. Особено ни е значаен одгласот на нашите читатели, кои имале разбирање и кога сме грешеле.

    Благодариме за подршката и ќе продолжиме за да ја градиме и оправдаме Вашата доверба !

    Kumanovonews