Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
22 огласи за вработување за педесетина слободни работни места во Куманово, објавени се на новиот сајт на Агенцијата за вработување.
Кумановски фирми бараат келнери, шивачки, дизајнер, технички секретар, стоматолози, продавач, произведувач на безалкохолни пијалоци, градежен инженер, сметководител, лекар и друго. Дел од огласите истекуваат за неколку дена, но има има такви кои траат до месец март.
Ако не можат секој ден, барем на 2 - 3 дена ги отвараат огласите. Не верувам дека сите огласи се реални, но барем на половина од фирмите навистина им треба работник - вели Слаѓан С. од Куманово, кој е невработен.
Но има и луѓе кои изгубиле верба дека преку огласник може да се најде солидна работа.
Јас никогаш не читам огласи, туку се распрашувам преку пријатели, познаници. Денес се е толку партизирано, се е преку врски и нема што да се надевам на огласи. Цели 20 години сум невработена, со исклучок на некој краток период кога работев на црно - рече Гордана Поповска, невработена.
Во сите огласи за вработување во кумановските фирми без разлика дали се бара продавач или лекар е наведена плата од 8.050 денари која е загарантирана со закон како минимална.