Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
П.Б.(37) од Албанија се обидел да изнесе пиштол од државата, но бил фатен на граничниот премин Табановце.
Пријавениот, викендов на границата допатувал со автобус, кој сообраќал на релација Дебар – Виена, и при пасошка контрола пронајден му е пиштол со 12 куршуми, сокриен во појасот. Патникот е приведен во СВР Куманово каде било утврдено дека нема документи за оружјето, кое требало да го однесе на негов пријател во Виена, Австрија. По спроведената истражна постапка од страна на Истражен судија од Основен суд Куманово на пријавениот му е одредена мерка притвор во таење од 30 дена.
Кумановската полиција против П.Б. поднесе пријава за кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.