Бадник и Божиќ неработни денови
02.01.2014 09:41
| KumanovoNews
Понеделник и вторник се неработни денови за верниците од православна вероисповед.

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 6 јануари 2014 година (понеделник), Бадник и следниот ден Божиќ (вторник) се неработни денови за граѓаните од православна вероисповед.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.