Бадникарска средба во Гимназијата
03.01.2014 15:40
| KumanovoNews
Ученици од средните училишта во понеделник во 11 часот ќе имаат средба по повод Бадник во Гимназија “Гоце Делчев“.

Целта е учениците од различни заедници да ги запознаат обичаите и традициите на своите врсници. Ќе биде презентирана бадниковата трпеза, кршењето на лепче со паричка, и свештено лице ќе ги објасни обичаите поврзани со празникот. Трета година по ред се организира средба на ученици од македонските и албанските паралелки.