×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бајловчани се потсетија на деновите од младоста

    29.09.2014 07:16 | KumanovoNews

    Во селото Бајловце, вчера по шести пат, се одржа манифестацијата “Бајловски средби 2014“, организирана од здружението “Козјачија во срцето“.

    Бајловчани се потсетија на деновите од младоста

    “Времето беше одлично, имаше околу 1500 гости од Куманово, Скопје, иселеници, гости од Србија. Задоволни сме од тоа како помина манифестацијата и имавме програма на едно високо ниво. Пред присутните настапија КУД “Ѓоко Симоновски“, КУД“Срма“ и КУД “Српски вез““ - изјави Зоран Бојковски, претседател на “Козјачија во срцето“.

    Манифестацијата ја отвори градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Милован Стојковски.  Потоа жени од Бајловце, Куманово и Скопје се натпреваруваа во подготовка на најубава баница, а беа прикажани и свадбарските обичаи од старата Козјачко - бајловска свадба.