Бесплатно зимување за децата од сиромашни семејства
30.12.2013 09:26
| KumanovoNews
До 3 јануари барања за бесплатно зимување на своите деца во Центарот за социјални работи можат да поднесат корисниците на социјална, постојана парчина помош и детски додаток.

Зимување на трошок на државата можат да искористат децата родени од 1999 до 2004 година, односно редовни ученици во петто, шестто, седмо и осмо одделение. Зимскиот одмор и рекреација ќе биде за време на зимскиот распуст во траење од 6 дена. За децата е обезбеден превоз, 5 полни пансиони, спортски, рекреативни и забавни активности.