„Бујрум“ организира еко камп за млади
14.08.2014 08:25
| KumanovoNews
Центарот за рурален развој “Бујрум“ во село Кокино од 18 до 20 август организира еколошки камп за млади под мотото “Биди зелен и ти“.

Заинтересираните волонтери имаат уште два дена рок да аплицираат за учество на кампот на кој ќе се говори за еколошки и теми поврзани со здравјето. За да бидат дел од кампот младите треба добро да го владеат англискиот јазик.