×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се реновира старото училиште во Старо Нагоричане

    24.06.2013 15:03 | KumanovoNews

     Со европски пари ќе се реновира и доградува старото училиште „Светозар Марковиќ“ во село Старо Нагоричане, кое со години е запуштено.

    Ќе се реновира старото училиште во Старо Нагоричане

    Руинираното училиште ќе прерасне во тренинг центар за млади со прекуграничниот проект “Да се задржат младите во прекуграничниот регион - млади за млади“ финансиран од Втората компонента на ИПА фондовите со партнерот Општина Рила од Бугарија.

    Целта на проектот е создавање на одржлива средина за социјална инклузија на младите во прекуграничниот регион преку спроведување и имплементација на анализа за подобрување на економската состојба на младите и креирање на услови за спречување на миграција надвор од општината. Проектот ќе се реализира во период од 23 јули годинава до 22 јули 2014 година - изјави градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Милован Стојковски.

    Статистичките податоци покажуваат дека во оваа општина има 547 млади луѓе на возраст од 18 до 30 години и целта е тие да не заминуваат од селото.

     Анализите покажаа дека треба да се задржи младото население во Општина Старо Нагоричане. Тоа е суштинската цел. Како дел од овој проект ќе биде реконструкција и доградба на ова старо училиште во тренинг центар и центар за млади луѓе. Целта ќе биде преку одредени анализи да се промовираат одредени работни места и да се овозможи преку преквалификација младите луѓе да се вработат и да се задржат во Општина Старо Нагоричане - вели Данијела Петрушева - Андонова, проектен менаџер на проектот.

    Мештаните се сеќаваат дека ова училиште порано било полно со деца и се изведувала настава во две смени.

     Овдека беше полно со деца, со народ, а сега нема ништо. Школата кога се пресели имаше забава, игранки во една од салите на ова училиште. Сега младите тешко дека ќе се вратат, 90 отсто од нив би заминале во Европа - рече Чедо Стојмановски, жител на село Стрновац.

    Проектот ќе чини 466.350, 51 евра.