×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Честитка за Илинден од градоначалникот

    02.08.2015 07:29 | KumanovoNews

    Од свое лично име и во името на општинската администрација, на сите граѓани на Куманово им  честитам 112 години од Илинденското востание и 71 години од Првото заседание на АСНОМ, се вели во честитката од градоначалникот Зоран Дамјановски по повод голениот празник.

    Честитка за Илинден од градоначалникот

    На овој ден им одаваме почит на нашите херои кои го дадоа својот живот  за слободата и независноста на Република Македонија. Илинден е инспирација и потсетник за македонските генерации, ден кога ги славиме и се присетуваме на голем број на револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.

     Денес треба  да создадеме економски силна, национално  достоинствена и меѓународно почитувана Република Македонија. Тоа ќе го направиме само со посветено и чесно работење, почитувајќи ги националните, културните и историските традиции на македонскиот народ.