Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за меѓукултурен дијалог утре слави 7 години постоење и успешна работа.
Од 15 до 18 часот во Клубот на новинари во Скопје ќе ги презентираат достигнувањата од 2013 година и плановите за 2014 година.
Центар за меѓукултурен дијалог оваа година ја смета за многу успешна. Како организација отпочнавме да создаваме нови можности за јакнење на младинскиот сектор, квалитетни понуди за доживотно учење и развој, повеќе граѓански активизам посебно поврзан со прифаќање на разликите и подршка за учењето да живееме заедно во разноликоста. Овој настан е и одбележување на седмата година од постоењето и активната работа на ЦИД за што им благодариме на сите наши пријатели кои не поддржаа и со кои заедно работевме во изминатиот период - велат од ЦИД.
На настанот ќе има претставници од повеќе организации и не е исклучена можноста со некоја од нив ЦИД понатаму да соработува.