Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод 8-ми март, Меѓународниот ден на жената, членовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, денеска делеа цвеќиња на Градскиот плоштад и се вклучија во одбележување на празникот.
На сите наши сограѓанки, мајки и жени, независно од политичката, националната и верска припадност со подарување на цвет симболично сакаме да им го честитаме денешниот ден а истовремено и да искажеме голема почит кон нив, каква што и заслужуваат. Сакаме да апелираме до сите, дека почитта и љубовта нашите мајки и жени ја заслужуваат и треба да ја имаат секојдневно, а не само на овој ден- рече Срѓан Ивановски претседател на УМС.
Сите девојки, мајки и жени што поминаа на плоштадот добија црвен гербер и каранфил.