Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Лекарска комисија од Министерството за труд и социјална политика, утринава лично ја посетила Даниела Бошковиќ (34), која болува од анорексија и врз основа на увидот во нецелосната медицинска документација донесела одлука да и одобри постојана парична помош, бидејќи е неспособна за работа и социјално необезбедена.
Барањето за постојана парична помош е поднесено и верувам дека во следната исплата ќе биде ставено за реализација. Овие парични средства ќе можат да ги користат како почеток за да се среди нејзината здравствена состојба, и да се покријат трошоците за живот. Во Центарот за социјални работи, Даниела е корисник и на паричен надомест за помош и нега од друго лице. - изјави Даниел Живачки, директорот на Центарот за социјални работи Куманово .
Во семејството на Даниела, денеска пристигна и првата помош, а ја однесе пратеникот Јордан Пачков и директорот на Центарот за социјални работи. При тоа ветија дека во рамки на своите надлежности ќе и помогнат да ги оствари своите права.
Социјалата е составен дел на општеството во кое живееме, и на вакви и други случаи треба да им се помогне. Не знам колку мојата помош ќе биде од корист земајќи во обзир дека за овој случај дознав преку медиумите. Веднаш реагирав, го побарав првиот човек нa Центарот за социјални работи Куманово да дојде на лице место и да ја видиме фактичката состојба - изјави Пачков.
Даниела се пожали на пратеникот и директорот дека нема пари да ги плати сметките за струја и киријата, а здравјето и се влошува без лекови. Нема сретства ни да замине на операција вилицата.
Тие ветија дека ќе ја известат локалната самоуправа за матерјалната состојба на Даниела за да и помогне во обезбедување на живеалиште.
Семејството на Даниела побара помош од медиумите,откако 5 месеци остана без постојана парична помош затоа што лекарска комисија ја прогласила за работоспособна без да узврши увид во нејзината документација.