Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните од високите зони, но и од централното градско подрачје повторно се соочуваат со недостиг на вода.
Според ЈП „Водовод„, причина за недостатокот на вода е исклучениот цевковод т.н. „бај пас„, поради што до Филтер станицата пристигаат само 240 литри вода во секунда. Тоа е недоволно за нормално водоснабдување на градот во летните месеци.
„Градот се снабдува со вода само од главниот вод и од алтернативните извори во Проевце и Бедиње. На 30 јули добивме информација од „Кумановско-липковско поле„ дека поради дефект на „бај пасот„ ќе се испорачува намалена количина на вода.„-изјави директорот на ЈП „Водовод„, Горан Стојковски.
Од Водостопанство велат дека тие испорачуваат доволни количини на вода кон градот и го обвинија директорот за лошо менаџирање со „Водовод„. Од претпријатието потсетија дека „Водовод„ му должи пари за неплатени сметки за потрошена вода.
За неполн месец кумановци по вторпат се соочуваат со недостиг на вода и покрај високите температури, а двете претпријатија си ја префрлаат одговорноста.