Денеска се Цветници
28.04.2013 08:17
| KumanovoNews
Христијанскиот празник Цветници се слави во неделата пред Велигден, на денот кога Христос влегувал во Ерусалим.
Додека влегувал во градот неговите ученици и луѓето со цвеќе и облека му го постилале патот пред неговите нозе. Затоа празникот е наречен Цветници.
Кај народот празникот се поврзува со пролетта, се прославува со берење на цвеќе и врбови гранчиња и се оди во црква.