Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сопствениците на добиток ќе треба да изберат матичен ветеринар за задолжителните вакцини и прегледи.
Тоа ќе биде за оние сточари кои имаат овци, кози, крави, не за другите домашни миленици. Кај матичен ветеринар животните ќе примаат вакцини кои се на трошок на државата. Ако сака да продаде добиток , сопственикот треба за него да извади пасош. Во градот има доволен број на ветеринари, но јас мислам дека оваа мерка ќе создаде хаос. Знаејќи како се одвиваат работите кај нас мислам дека ќе се зголеми обемот на неквалитетна работа - објаснува наш соговорник.
Според последните измени на Законот за ветеринарно здравство, одгледувачите мора да склучат договор со ветеринарно друштво по свој избор.