Дваесет тони сол фрлени на кумановските улици
29.12.2014 08:43
| KumanovoNews
Дваесет тони сол се фрлени на кумановските улици, информираат од општина Куманово.

Екипи на фирмите “Катинг“ од Скопје и “КООП Инженеринг“ од Куманово, се на терен од вчера и ги чистат улиците во центарот на градот.
“Излезени се на терен две екипи, и работат од 4 часот утрово. Се работи на расчистување на централно градско подрачје по зони, тоа е приоритет , па потоа ќе одиме кон периферија. Наврнат е снег 10 до 12 цм и некои посериозни проблеми нема“ - рече Момчило Јовановски од секторот за урбанизам во општина Куманово.