Дваесетина кумановци опоменати за сообраќајни прекршоци
02.01.2014 12:57
| KumanovoNews
Дваесетина кумановци пред Нова година со писмо се опоменати од МВР за направен сообраќаен прекршок.

Заедно со писмото, возачите добиле и фотографии на кои се гледа дека се непрописно паркирани на тротоар, коловоз, пешачки патеки со што го попречуваат движењето на другите учесници во сообраќајот.
Полицијата пред Нова година испрати 100 опомени за неосвесни возачи од неколку градови, а досега на ниво на држава во неколку наврати се доставени вкупно 1400 опомени.