Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Маж на 46 години ја убил сопругата и нејзината мајка, а подоцна се самоубил нанесувајќи си повреди и скокајќи од зграда на улицата „Лесковачка“ во Куманово каде живеело семејството.
„Денеска, 25 август , околу 12.45 часот постапувајќи по добиена пријава полициски службеници во стан во Куманово ги пронашле починати Е.А.Ј (40) и нејзината мајка П.Н.,кои претходно со нож ги убил Д.Ј.(46) од Куманово, сопруг на Е.А.Ј.Потоа Д.Ј.си нанел повреди и себеси и скокнал од прозорецот.“, соопштуваат од полицијата .
Д.Ј. е пренесен во Општата болница Куманово,каде починал.
Од страна на јавен обвинител и екипи на СВР Куманово се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во разговор со соседите неофицијално ни беше кажано дека сторителот досега неколкупати бил пријавуван за вознемирување или семејно насилство.
Семејството имало две малолетни деца. Едното од нив не било во семејниот дом, а другото било затворено во посебна соба ,но е неповредено во трагичниот настан.