×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еуро колеџ соработува со универзитет од Полска

    26.04.2013 14:58 | KumanovoNews

     Еуро колеџ започна соработка со Универзитетот за информатичка технологија и менаџмент од Жежов, Полска со кој ќе реализираат и размена на студенти.

    Еуро колеџ соработува со универзитет од Полска

     Ќе имаме можност да испратиме 12 студенти во нивниот кампус и тоа ќе биде финансирано од Европската комисија, бидејќи проектот е под менторство на ЕК. Дел од нивните кадри работат на размус програмата на размена на студенти и професори. Ќе биде мошне корисно за оние студенти кои учествуваат во оваа програма за да се стекнат со квалификации и знаења. Полска е земја која е лидер во европското образование со над 200 приватни и државни универзитети - вели Синиша Наумоски од Еуро колеџ.

    Од “Еуро колеџ“ објаснуваат  дека оваа соработка ќе вроди со плод, и тоа ќе биде бенефит за целата заедница и градот.

     Ова е дел од нашиот проект, да соработуваме со универзитети од Европска унија. Едноставно да им овозможиме на студентите преку вакви соработки да патуваат, да стекнат искуства, да научат нешто повеќе, да не бидат стационирани само овде, само во оваа земја. Еуро колеџ ја шири соработката со други универзитети највеќе за да им овозможи поповолни услови за студирање на нашите студенти. Овие врски ќе ги искористиме да им помогнеме на студентите да добијат поквалитетно образование - изјави Љубиша Петрушевски, декан на Еуро колеџ.

    Универзитетот за информатичка технологија и менаџмент од Жежов е еден од најголемите универзитети во Полска  и постои 17 години. Тој има околу 9000 студенти, од кои 1300 се од странство.

    Задоволство ни е да почнеме соработка со универзитет од Македонија. Имаме потпишано над 200 договори со универзитети ширум светот. Се надеваме дека ќе почнеме образовна и истражувачка соработка. Ние сме лидери за информатичка технологија. Имаме околу 70 лабаратории, од кои повеќето се компјутерски лабаратории. Лидери сме во далечинско учење - рече Уршула Пашечна, портпарол на универзитетот од Жежов.

    Кристијан Коруновски, асистент на универзитетот со македонско потекло објаснува дека идејата за соработка меѓу двете високообразовни институции се родила пред 2 години.

     Студентите ќе ја покажат својата култура, ќе ја запознаат полската култура и обратно. Се надеваме дека за кратко време ќе поканиме македонски студенти во Полска - вел Коруновски.

    Жежов е студентско градче со 300.000 жители од кои третина се студенти.

    Еуро колеџ веќе има соработка со универзитети од Азија, Америка, а сега склучува договори за соработка со високообразовни институции од Европа.