Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две момчиња од селото Орланци и еден кумановец се разбојниците кои на сила и го одзеле скутерот на девојчето на паркингот кај СУМА.
Полицијата вчера ги фатила, и против Б.Ш.(20) од Куманово Х.И.(18) и Л.И.(19) од Орланци, поднесе пријави за кривично дело разбојништво и помагање на сторителот по извршување на делото.
Разбојништвото се случило завчера во 19.15 часот, додека девојчето го возело моторчето и застанало со другарките. Тогаш Х.И. се доближил до неа и ја турнал од скутерот и побегнал, а Б.Ш. си заминал со возилото.
По предходен договор Х.И. го однел скутерот во Орланце, каде третопријавениот Л.И. требало да им помогне да го сокријат.
Се упатиле кон населбата Ченто во Скопје, каде ги сочекала полицијата и ги фатила. Тројцата се познати сторители на кривични дела и заработиле притвор и куќен притвор.