×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фирмите електронски да поднесат годишни извештаи

    02.01.2014 14:42 | KumanovoNews

     До 31 јануари годинава фирмите треба да поднесат годишни извештаи по електронски пат.

    Фирмите електронски да поднесат годишни извештаи

    Во годишниот извештај ПДД - ГИ, фирмите ги пријавуваат бруто -приходите на обврзниците, платениот персонален данок на доход и придонесите, како и вкупно исплатените нето - приходи во изминатата година по основ на: лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права (закупнини), добивките од игри на среќа и други приходи за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка.

    Субјектите кои вршеле исплати на граѓани во 2013 година по основ на откуп на земјоделски производи должни се по електронски пат преку да поднесат годишен извештај.

    Економските субјекти кои организираат зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало, имаат обврска да ги пријават во УЈП корисниците на продажните места на зелениот пазар во изминатата 2013 година, со електронско поднесување на годишен извештај.

    Фирмите кои вршеле исплати на граѓани и имале обврска да го пресметаат и уплатат персоналниот данок задолжително треба на граѓанинот да му издадат збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2013 година, најдоцна до 15 јануари 2014 година.

    Издавањето на збирна пресметка е законска обврска на исплатувачот на приход, врз основа на која граѓанинот, како обврзник на персоналниот данок на доход, ќе може точно и навремено да ги пријави приходите во годишната даночна пријава.

    Доколку не се испочитува рокот до 31 јануари ќе следуваат казни од 2.000 до 3.000 евра, а за одговорното лице казна од 750 евра.