Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мултиетничкото здружение “Флоренс Најтингел“ од Куманово доби грант од УСАИД за истражување на меѓуетничкиот соживот.
Проектот чини 2.220 долари а ќе се реализира во наредните 6 месеци. При тоа ќе бидат анкетирани вкупно 300 наставници Македонци и Албанци од средните училишта за меѓуетничкиот соживот.
Откако ќе се обработат податоците од анкетата ќе оддржиме брифинг. Податоците ќе бидат презентирани во повеќе институции со цел да се зголеми довербата меѓу наставниците, учениците и родителите. Сме работеле слични проекти и досега. Ние постоиме од 2001 година и навистина во Куманово како најголем град беше потребно едно вакво здружение - изјави Адвије Љатифи, претседател на “Флоренс Најтингел“.
Од 26 пристигнати предлог проекти од граѓански организации УСАИД избра 11 кои ќе бидат финансирани со вкупно 25.088 долари.
“Флоренс Најтингел“ е единствена невладина организација од Куманово која годинава доби грант.