×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Форум на работодавачи“ пред кумановци

    05.12.2013 13:47 | KumanovoNews

    Претставник од Министерството за труд и социјална политика пред дел од локалните работодавачи денеска ги презентираше активните мерки за вработување кои ги нуди државата.

    “Форум на работодавачи“ пред кумановци

    Како најпопуларни мерки ги наведе субвенционирање при вработување, вработување на инвалиди, обука кај познат работодавач и финансиска поддршка за микро и мали претпријатија.

    Според податоците на Државниот завод за статистика најголем број од претпријатијата се микро со 5 до 9 вработени. Да ги насочиме да го прошират својот бизнис од микро да станат мали и од мали да бидат средни. Максимум може да вработат 5 лица за кои им се даваат 92.000 денари по човек неповратни средства. - изјави Младен Фрчковски, советник во МТСП.

    Тој посочи дека треба да се направат анализи за да се види која струка е дефицитарна во градот. Претходно дефицитарни во Куманово биле изработувачите на горен дел од обувки, но кадрите по поминување на обука тешко наоѓале работа.

    Работодавачите се пожалија дека апликациите многу бавно се обработуваат и дека целиот процес треба да оди побрзо за да не чекаат со месеци. Имаше и такви кои се многу задоволни од мерките за вработување.

    Вработен сум со 20 плати неповратни како инвалидизирано лице. Се вработив во своја фирма и го проширив бизнисот годинава со една продавница, а 2014 година планирам за уште една или две да се проширам. Продавам санитарија, бела техника. Програмите се корисни.- рече Ацо Јаневски.

    Проектот “Форум на работодавачи“ го организираат МТСП, АВРМ, Национален совет на претприемачи во соработка со локалните самоуправи во земјава.