Геодетски снимања на автопатот кај Агино Село
06.12.2013 09:48
| KumanovoNews
На автопатот Куманово - Скопје помеѓу селата Агино Село и Дељадровце денеска ќе се изведуваат геодетски и геомеханички снимања од 7 до 18 часот.

Овие активности ќе се реализираат почнувајќи од денеска до 10 декември со цел реконструкција на делницата Куманово - Миладиновци. Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека нема никакви измени на сообраќајниот режим на движење.