Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
117 кумановци аплицирале за вработување на лица со инвалидност во ЈП “Македонски шуми“.
На конкурсот се бараат 300 работници на ниво на државата.
Сега сме во фаза кога се прават контроли на лекарска комисија. По празниците ќе имаме поконкретни информации, можеби ќе има и некоја прелиминарна ранг листа. Се работи за вработувања во државни институции и на ниво на држава има околу 1800 апликанти кои поднеле барања - велат од “Македонски шуми“.
Со вработувањата опфатени ќе бидат слепи лица, глуви и наглуви, лица со пречки во глас и говор, телесна инвалидност, лица со лесни и умерени пречки во интелектуален развој, комбинирани пречки и инвалиди на трудот.