Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во угостителскиот објект „Аљби“ во селото Матејче гост пукал со пиштол од прозорец.
Инцидентот се случил вчера два часа по полноќ, кога К.Н.(41) од с.Лојане, преку прозорецот од објектот испукал три куршуми надвор, а потоа излегол од објектот и испукал уште неколку куршуми во воздух. Газдата го пријавил гостот во полиција, при што на лице место биле пронајдени 17 испукани чаури. По преземените мерки пиштолџијата е идентификуван и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.