Истепале полицаец што сакал со пајак да им ја дигне колата
Четворица кумановци физички нападнале полицаец кој се обидел со пајак да им го подигне непрописно паркираното возило.

Инцидентот се случил пред три дена на улица “Стојан Слаткар“ околу 17 часот, кога полицаецот отишол да го тргне возилото марка “мерцедес“ на З.Г.(42), кој го оставил пред гаража. Кога сопственикот одбил да го препаркира возилото, па полицаецот започнал постапката на негово отстранување, С.Г.(19), А.Г.(37) и Г.Н.(62) почнале да му се закануваат на полицискиот службеник. Потоа насилниците и физички го нападнале. Сите се приведени во полициската станица, а на З.Г. му е одредена мерка “куќен притвор“ во траење од 30 дена.
Тој заедно со С.Г. ќе одговара за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, а А.Г. и Г.Н. за спречување службено лице во вршење службено дејство.
(фото архива)