Изложба “Кумановски графичари 2013“
28.11.2013 10:15
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата “Кумановски графичари 2013“.
На изложбата ќе бидат изложени дела од: Зоран Јакимовски, Магда Величковска, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Тоневска, Валетина Илијевска и Симона Јакимовска.
Се работи за биенален проект, а на повикот за учество на изложбата се пријавија седум графичари. На оваа изложба доминира полихромна графика. Дел од уметниците се веќе докажани, а дел се млади автори.
Изложбата ќе трае до 12 декември.