×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јаневиќ: Оваа власт само ги задолжи граѓаните

    10.04.2014 07:31 | KumanovoNews

    Кандидатот за пратеник Филип Јаневиќ од ЛДП, на синоќешниот мини митинг на СДСМ во населбата Бабин Дол, ја обвини актуелната власт дека во изминатите години не направила ништо значајно за економскиот развој на државата, освен што се задолжувала кај меѓународните монетарни институции.

    Јаневиќ: Оваа власт само ги задолжи граѓаните

    Се фалат дека биле економска Влада, па ајде да видиме која е најчесто употребуваниот збор во нивната економска програма.Тоа е зборот задолжување.Задолжување во Светска банка, задолжување во ММФ, задолжување во Дојче Банка, внатрешни задолжувања. Каде стигнаа таму не задолжија. Не можат пензии да исплатат ако пред тоа не се задолжат. Таква Македонија ние не сакаме. На 13 април да ја најавиме победата, а на 27 јасно гласно и одлучно да им кажеме фајронт дечки, вашето заврши-рече Јаневиќ во своето обраќање.

    Тој ги праша политичките опоненти од ВМРО-ДПМНЕ по осум години власт до кој чекор од Преродбата стигнале.

    Ниту Македонија е преродена држава ниту нејзините граѓани видоа некаква економска преродба. Она што е битно да се каже е дека од нивната работа се опустошени градови и села, и млади луѓе со бугарски пасоши заминуваат во белиот свет да си ја бараат својата иднина и својата среќа,- додаде Јаневиќ.

    Кандидатите предходно ги посетија населбата Бејтови ниви, Проевце и селата Студена Бара и Пчиња.