Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членовите на здружението на граѓани „Коледари„ утре во селото Добрешане ќе берат дабови гранчиња, со што ќе ја започнат прославата на големиот христијански празник Бадник
Напладне пред црквата во селото ќе се одржи општонародна веселба со месното население.
Прославата ќе продолжи во понеделник во 11 часот, во црквата „Свети Никола„, каде ќе се изврши примопредавање на кумаството и ќе се освети погачата и бадниковите гранчиња. Во 11.30 часот кумот со пајтон и коледарите ќе прошетаат низ центарот на градот, по што ќе пристигнат на плоштадот пред Центарот за култура.Со зурли и тапани, тамбураши и трубачи ќе се слави Бадник. На присутните ќе им се обрати претседателот на Коледари, Мирослав Доневски и новиот кум актерот Горан Илиќ- вели Бобан Доневски, член на Коледари.
Како и секоја година на гостите ќе им се подели чај, топла ракија и овошје. Оваа година, за првпат, плоштадот ќе биде специјално украсен по повод празникот, а ќе се постават и масички за гостите.