×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Колку се богати градоначалниците во регионот?

    06.09.2013 09:39 | KumanovoNews

     На интернет страната на Антикорупциска комисија објавена е имотната состојба на функционерите, меѓу кои и податоците за имотот кој го поседуваат градоначалниците во регионот и нивните семејства.

    Колку се богати градоначалниците во регионот?

    Според она што може да се види во анкетните листови: градоначалникот на Крива Паланка е најситуиран, по него е градоначалникот на Куманово, а со поскромна имотна состојба се  нивните колеги од Ранковце, Кратово и Старо Нагоричане. За првиот човек на Липково податоците сеуште не се ажурирани.

     Најбогат во регионот е градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, кој пријавил куќа од 250 квадрати во Крива Паланка , стан од 86 квадрати во Скопје, куќа за одмор од 92 квадрати во Гиновци, куќа за одмор од 15 квадрати и 700 квадрати земјиште во село Узем и куќа за одмор од 40 квадрати во село Длабочица, 32,3 хектари земјиште во село Мартиница, возила “шкода октавија“ и џип „лада нива“.  Градоначалникот поседува и повеќе банкарски депозити сопственост на неговите деца,сопругата и лично, во висина од околу 250 илјади евра и 4 милиони денари. Тој е косопственик на Мултимедија-нет Куманово и Оптикал нет Скопје, а сопственик е на фирмите Траншпед-трејд Скопје и Беверли 1 Крива Паланка.

    Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски на негово име пријавил само земјоделско земјиште со површина од 2.200 метри квадрати во Куманово, додека становите од 36 метри квадрати во Скопје и 65 квадрати во Куманово се на име на неговите деца. Дамјановски е сопственик и на моторно возило “фиат панда“, а децата му возат “фолксфаген голф“. Има златен накит во вредност од 120.000 денари и 15 уметнички слики вредни 600.000 денари. Од банкарски депозити поседува денарска платежна картичка со 84.000 денари.

    Градоначалникот на Ранковце, Момчило Алексовски поседува куќа од  77 квадрати, околу 17.000 квадрати земјиште во Ранковци, како и возила “фолксфаген транспортер“ и “фолксфаген пасат“. Од депозити заедно со сопругата имаат 18.000 евра и 143.000 денари. Од камати годишно добиваат 39.000 денари и врз основа на договор на дело сопругата зема 80.600 денари годишно. Неговата сопруга е сопственик на трговско друштво “Агро Ранковце“.

    Градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски има стан од 62 квадрати во Кратово, земјоделско земјиште од 1.668 метри квадратни во градот и имот на децата возило “фолксваген голф“. Во анкетниот лист на Андоновски се наведени и акции во вредност од 1.050.400 денари.

    Во анкетниот лист на градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Милован Стојковски стои дека куќите од 100 квадрати во Куманово  и 35 метри квадратни во Старо Нагоричане се сопственост на неговите родители. Тој поседува земјоделско земјиште во Старо Нагоричане со површина од 1,3 хектари и лозје од 2 декари. Од мотрорни возила пријавил дека поседува “даеву рејсер“. Стојковски има кредит од 620 илјади денари.

    За градоначалникот на Општина Липково, Садула Дураку податоците сеуште не се објавени на интернет страната на Државна комисија за спречување корупција.

    Од оваа институција објаснуваат дека се работи за голем број на функциониери и како што се прегледуваат анкетните листови, така ќе бидат ажурирани на нивната интернет страна.