×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кратово го прославува патрониот празник

    22.02.2025 11:20 | KumanovoNews

    Кратово утре и задутре ќе го прослави патрониот празник „Свети Ѓорѓи Кратовски“ со низа манифестации и настани.

    Кратово го прославува патрониот празник

    Оваа година ќе се преосвети црквата која го носи името на светецот по повод 100 годишнината од нејзиното функционирање.

    Утре на 23 февруари ќе се одржи литургија со која ќе чиноначалствува г. Григориј, митрополит на Кумановско- осоговската епархија.

    „Централната прослава е на 24 февруари- понеделник, а програмата започнува по 10 часот со положување на свежо цвеќе, по што ќе следи пригодно обраќање на градоначалникот Тодорче Николовски“, истакнуваат од општината.

    Прославата ќе заврши со културно- уметничка програма на која ќе учествуваат КУД „Ефрем Каранов“ од Кратово, КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица, Ансамбл за традиционална музика и игра " Митко Алексов" Кочани и групата „Круна“.

    „Свети Ѓорѓи Кратовски“ се смета за слава на градот, и голем празник за неговите жители. Тој бил роден во Кратово, кон крајот на 15 век, а откако починал татко му заминал во Софија каде го изучувал златарскиот занает. Затоа во некои градови и земји светителот се смета за еснафска слава.