×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полициски возила со камери ќе ги “ловат“ погрешно паркираните возила

    21.02.2025 18:05 | KumanovoNews

    Полициски возила со камери ќе ги снимаат и ќе казнуваат сите погрешно паркирани возила на сообраќајниците во поголемите градови во земјата.

    Полициски возила со камери ќе ги “ловат“ погрешно паркираните возила

    Оваа мерка за воведување ред во сообраќајот ќе почне да се променува од 1 јануари 2026 година.

    „Дел од имплементацијата на „Сејф сити“ ќе бидат и возила кои ќе бидат опремени со паметни камери и при движење на сообраќајници ќе ги констатираат сите погрешно паркирани возила, по што тие ќе бидат процесирани во системот на обработка на податоци, рече министерот Панче Тошковски.

    За ефикасно и функционално спроведување на проектот „Безбеден град“ ќе биде потребно да се направат измени на најмалку пет закони.

    Тошковски кажа дека паралелно треба да се работи на урбанистички предуслови, бидејќи во повеќето градови, нема доволен простор за паркирање.

    Од 1 јануари 2026 година, неколку месеци граѓаните прво ќе добиваат пораки со предупредување.