Крстот ќе се фрла во недела
14.01.2014 11:56
| KumanovoNews
На Водици од 9 до 9.30 часот ќе се фрла крст во базените во црквите “Света Троица“ и “Свети Никола“.

Верниците кои ќе се фрлаат по светиот крст пред 9 часот треба да бидат во храмовите. Оној кој ќе го фати крстот ќе добие симболична награда од спонзорите. Света божествена литургија утрото ќе се оддржи во двете цркви, а во соборниот храм ќе чиноначалствува владиката Јосиф.