Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Културно уметничкото друштво “Панче Пешев“, утре ќе настапи на републичка смотра на фолклорни ансамбли во Гевгелија.
На оваа манифестација ќе настапиме први, ќе имаме чест да ја отвориме смотрата. Ќе се претставиме со оркестар на изворни инструменти, посебно оркестар со зурли и тапани, 2 зурли и 6 тапани. Ќе учествуваат вкупно 7 ансамбли кои на регионалните смотри во текот на ноември се избрани за најдобри во земјава. - вели Мирослав Крстевски, претседател на КУД “Панче Пешев“ и генерален секретар на Сојуз на фолклорни ансамбли на Македонија.
Републичката смотра е со ревијален карактер и е во организација на Сојуз на фолклорни ансамбли на Македонија.
Од “Панче Пешев“ ги повикуваат сите млади љубители на фолклорот да се зачленат кај нив бидејќи конкурсот за упис на нови членови сеуште е отворен.