Кумановци паднаа на испитот хуманост
Никој од надлежните институции, невладини организации, ниту пак граѓаните се јавиле да помогнат на Даниела Бошковиќ, младата кумановка, која се бори со тешки болести, а остана без социјална помош.

Откако медиумите ја објавија сторијата за безизлезната состојба во која се наоѓа семeјството, никој не пројавил интерес да помогне.
Се јавија само две жени од Скопје и побараа жиро сметка да ни уплатат пари. Други нема, ни обични луѓе ни пак некој од Општината или надлежните институции. На Даниела состојбата и е со потешка, не јаде и има големи болки. Уште пред две недели требаше да ја оперира вилицата по вторпат, откако првата операција не успеа. Докторката рече дека мора веднаш да се оперира затоа што и се распаѓа коската, но немам пари да ја носам во болница.Незнам што ќе права и каде чаре да барам- вели Јаворка, мајката на Даниела.
Даниела боледува од анорексија и карцином, а останала без социјална помош затоа што лекарска комисија при Министерството за труд и социјална политика утврдила дека е работоспособна.
Таа е самохрана мајка на две деца и лесно може да остане на улица, бидејќи нема да плати кирија за двете собички во кои живее на улицата „Никола Тесла„.
Апелира до надлежните институции и хуманите луѓе да и помогнат да го оствари правото на социјална помош и да се лекува.
Семејството може да се контактира на тел. број 077 636 733