Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Банско во Бугарија е дестинација број еден за зимување за кумановци и оваа сезона.
Побогатите ќе се скијаат и на Алпите во Италија и Австрија, а оние кои го сакаат планинскиот туризам ќе одмараат во Берово. Туристичките работници велат дека оваа година послаб е интересот за Копаоник и Златибор, а за Банско е на цена поради близината и поволните цени.
Најбарано е Банско бидејќи се најконкурентни со цените. За сместување во хотел со 3 ѕвездички се плаќа од 7,5 евра па нагоре. Аранжманите за 2 - 3 дена се поскапи, а за повеќе денови е поефтино. За домашните зимски туристички центри нема интерес, бидејќи нема снег и цените се повисоки - велат од агенцијата “Јоцо - Турс“.
И од туристичката агенција “Травел гејт“ потврдуваат дека најмногу заинтересирани има за Банско.
Просечна цена за Банско дневно е 25 евра. Има промотивни пакети за Аурора Ресорт Берово, така што им се фаќа по 30 евра за ден. За разлика од лани, годинава има поголем интерес за зимување - рече Анита Трајковска Петковска, управител на “Травел гејт“.
Дел од кумановци зимава ќе скијаат на Алпите во Италија и Австрија, потврдуваат од туристичката агенција “Мар - тео“.