×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец доби стан во Скопје на наградната игра

    31.12.2013 11:01 | KumanovoNews

    Трајко Кузмановски, бербер во пензија од Куманово, доби стан од 52 квадрати во скопската населба Аеродром, во првото извлекување на наградната игра “Со фискална в рака, награда без мака“.

    Кумановец доби стан во Скопје на наградната игра

    Кузмановски пратиле 10 плика со фискални сметки и се презадоволни од наградата.

    Само едно од тие 10 плика беше на име на Трајко, а другите беа на име на внуци и други членови од семејството. Кога видовме колку многу плика пристигнале не се надевавме на награда, но ете се случи да добиеме стан. Веднаш ни се јавија од лотарија да не известат и да ни честитаат. Сите што не знаат ни се јавија да честитаат и до 4 утрово имавме гости дома - велат од семејството Кузмановски.

    Тие и за следното извлекување ќе пратат фискални сметки, а на граѓаните им порачуваат да си ја пробаат среќата.

    Со добитниците на наградите буквално ја имавме Македонија во мало. Во четврток и петок ќе бидат објавени имињата на добитниците во дневниот печат. Сите сметки издадени по 15 ноември можат да се искористат за второто извлекување кое ќе се оддржи на 27 јануари - велат од маркетинг службата во Државна лотарија на Македонија.

    Синоќа беа доделени стан, дуќан, автомобил и голем број ваучери за набавка на прехранбени и други производи.