×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец шверцувал хероин во тетрапак сок

    02.12.2013 08:50 | KumanovoNews

    М.Џ.(23) од Куманово е фатен на граничниот премин Табановце со половина килограм хероин кој сакал да го прошверцува за Швајцарија.

    Кумановец шверцувал хероин во тетрапак сок

    Кумановецот патувал со автобус, кој сообраќал на редовна автобуска линија од Куманово до Берн Швајцарија, а дрогата ја сокрил во тетрапак паковање од 1 литар сок, во кое било сокриено едно пакување облепено со кафеава салојтеп трака, наркотична дрога хероин.

    При детален претрес на неговиот багаж дрогата била откриена. М.Џ. е приведен при што признал дека пред извесно време од непознато лице набавил дрога хероин со намера да ја пренесе надвор од Македонија, и да ја предаде на друго лице кое понатаму ќе ја препродава. Вредноста на запленетиот хероин со тежина од 490 грама на нарко пазарот би достигнала цена од 50.000 евра.

    Против М.Џ. е поднесена кривична пријава за постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело - “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”, казниво по чл.215 став 1 од КЗ на РМ. Инаку Истражен судија на пријавениот веќе му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Се преземаат дополнителни мерки и активности заради целосно расчистување на случајот, утврдување и кривично правно санкционирање и на други инволвирани лица.