×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово и денеска без вода

    28.04.2013 10:15 | KumanovoNews

     Поголем дел од градот и приградските населби и денеска останаа без вода за пиење.

    Куманово и денеска без вода

    Повисоките зони во градот вода немаат веќе 4 дена, а централното градско подрачје од вчера. Вода има само неколку часа во текот на ноќта. Причината е веќе позната, намалена испорака на вода од страна на Водостопанство „Кумановско - липковско поле„ кон ЈП „Водовод„, поради неплатени сметки.

    Жителите се бесни што во време на викенд останаа без вода, а секоја пролет се појавува истиот проблем поради политичкиот инает на двете претпријатија.

    Нема смисла што ова што ни го прват. Четири дена немаме капка вода преку ден. Водата доаѓа само од 2 по полноќ до 6 сабајле. Полниме во канти и буриња за да не се усмрдиме. Внучињата и снаите заминаа во Липково на гости, бидејќи немаме услови дома да ги чуваме -вели еден граѓанин што живее на улицата Бајрам Шабани.

    Очевидци кажуваат дека двете брани Липково и Глажња се преполни, а бидејќи е намалена испораката, водата се испушта да истекува во реката.

    Раководставата да двете претријатија утре ќе одржат состанок на кој ќе се обидат да го решат долгогодишниот проблем.