×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово во јули ќе биде кодомаќин на Европскиот младински олимписки фестивал

    01.02.2025 09:12 | Оливера Пешевска

    Куманово ќе биде кодомаќин, заедно со Скопје,  на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје, кој оваа година ќе се  одржи од 20 до 26 јули во Македонија. 

    Куманово во јули ќе биде кодомаќин на Европскиот младински олимписки фестивал

     Во Куманово ќе се играат кошаркарските натпревари, велосипедски трки и турнирот за планински велосипедизам за младинци од 14 до 18 години. 

    Општина Куманово аплицирала со Македонскиот олимпискиот комитет да биде дел од овој спортски настан, а поминала неколку степени на проверки дали ги исполнува условите за таков тип на натпревари. 

    „Спортската сала треба да биде пуштена до тогаш, таму ќе се играат кошаркарските натпревари. Неколку комисии доаѓаа во проверка и констатираа дека салата за натпревари, како и оние помалите наменети за тренинзи ги задоволуваат потребите и стандардите за олимписки натпревари“, објасни Александар Крстевски, раководител на Секторот за култура и спорт. 

    Се уште не е познат бројот на национални селекции кои ќе се натпреваруваат во Куманово, тие детали ќе се разгледуваат и договараат откако ќе се знае конечниот број на натпреварувачи во овие спортови.

    ЕМОФ ќе биде најголем мултиспортски настан во истоијата на државата, а тоа е престижна манифестација на младинскиот спорт. Во Македонија ќе се одржи 16-то издание на манифестацијата. На неа се очекува да учествуваат повеќе од 4 илјади спортисти од 48 европски земји кои ќе се натпреваруваат во 15 различни спортови. 

    Целта на оваа манифестација е и младите спортисти да го почуствуваат олимпискиот дух, а замислена е како платформа на која ќе можат да го демострираат својот талент. На овој начин се подготвуваат за успех на големите светски сцени, но и се промовира здравиот начин на живот и олимписките вредности.