Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Управната зграда, наплатните центри и резервоарите за вода во населбите Бајрам Шабани и Карпош на ЈП Водовод, денеска остана без електрична енергија, поради долг од 1 милион евра кон ЕВН.
Претпријатието пред неколку дена добило предупредување од ЕВН да ги плати сметките за мај и јуни и една од заостанатите рати или во спротивно ќе остане без струја.
За да го покриеме долгот потребни ни се 4 милиони денари. Ние ги немаме тие пари. По конфликтот во насeлбата Тоде Мендол, наплатата за потрошена вода драстично падна и не сме во можност да ги сервисираме обврските. Покрај преговорите и убедувањето со надлежните во ЕВН не успејавме да се договориме. Целосно сме блокирани. Неможеме да ја користиме водата од резервоарите која е неопходан за високата зона, исклучен е системот за наплата, не работи централата за пријавување дефекти, - вели директорот на ЈП Водовод Горан Стојковски.
Директорот тврди дека на 6 август Водовод треба да распише тендер за нов снабдувач со електрична енергија и затоа ЕВН сега врши притисок да го платат стариот долг.
Вклучени на електро-системот останале само Филтер станицата која ја преработува водата за пиење и Пречистителната станица за отпадни води. Новата состојба го наруши водоснабдување во градот. Куманово и за викендот имаше проблеми со водоснабдувањето, но поради зголемената потрошувачка на вода поради високите температури.