Кумановско-осоговска епархија доби лице за односи со јавност
05.12.2013 10:09
| KumanovoNews
Свештеникот Игор Здравковски е назначен за лице за односи со јавност на Кумановско - осоговската епархија.

Со самото тоа што сум свештеник јас имам комуникација со граѓаните, а ова ќе биде плус комуникација со медиуми за празници, за обичаи, за адетите што е исправно, а што не. Наша цел е да бидеме поприсутни и се планира преку медиумите да говориме за правилниот однос кон Бога и кон црквата. Освен на старите, посебно внимание ќе им се посвети на младите верници со цел да добијат правилна поука. - вели Здравковски.
И останатите епархии во земјава имаат лица за комуникација со медиуми.