Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Агенција за недвижности “Емералд“, специјализирана за посредување при купување на станови, инвестирање во недвижнини, дизајн на ентериер и екстериер, осигурување на имот и на земјоделски површини, од неодамна работи во Куманово.
Стручен тим од манаџери за продажба и дизајн, помагаат клиентите да добијат професионална услуга и да обезбедат дом од соништата за своето семејство. Од “Емералд“ објаснуваат дека за граѓаните е многу попрактично и поисплатливо да купуваат недвижности со посредство на агенција, бидејќи така заштедуваат време, а добиваат квалитена услуга за сумата што ја одвојуваат.
Една од предностите на нашето работење е што на купувачите им гарантираме дека имотот кој ќе го купат ја поседува потребна документација. Со тоа не можат да се доведат во ситуација да дадат пари а да останат без имот. При тоа е важно да напоменеме дека нашите услуги не им наплаќаме на купувачите, туку провизија има само за продавачите. Покрај посредување во купопродажба, работиме и со дизајн на ентериер и екстериер. Работиме по екстра поволни цени се со цел купувачот да биде задоволен. Граѓаните не се информирани дека поефтино е да тргуваат со недвижнини со наша помош, отколку тоа да го прават на своја рака. Работиме со фирмата “Хорти експерт“ од Скопје, која е меѓу најдобрите за екстериер во Македонија - вели Иван Џартовски, менаџер за продажба во “Емералд“.
Основната цел на агенцијата е граѓаните да добијат добра услуга, да го олеснат начинот за пронаоѓање на конфорен стан на посакуваната локација во градот.
Граѓаните можат да се обратат во “Емералд“ ако планираат да купуваат или изнајмуваат стан или деловен простор, да кажат под кои услови сакаат да го сторат тоа, а ние сме тука да го најдеме најдоброто решение за нив. Јас не гледам причина зошто клиентите самостојно да купува недвижнини, бидејќи ова е полесен, поефикасен и потранспарентен начин. Имаме манаџер за продажба, менаџер за дизајн зад кого работи тим од десетина луѓе, а планираме да го зголемиме и бројот на агенти за продажба - додава Џартовски.
Агенцијата работи по најсовремениот и проверен начин на работа како во развиените земји. Организира изградба на станбени објекти за кои ги обезбедува сите потребни документи за градба, и во договор со инвеститор истите станови може да ги понуди на продажба. Имаат потпишано техничка соработка со повеќе банки, и бесплатно нудат помош и совет при наоѓање на средства за остварување на целта на клиентот. “Емералд“ соработува со најдобрите геодети, адвокати, нотари, архитектонски друштва од Куманово и Скопје.
“Емералд“ се наоѓа на улица “Доне Божинов“ бр. 11/ 12, спроти кружниот тек.