Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од општинската организација на ЛДП Куманово, најостро ја осудуваат блокадата на сметките на ЈП „Водовод„ и сметаат дека тоа ќе го доведува во прашање водоснабдување на граѓаните.
Дека ѓаволот ја однел шегата и дека со оваа блокада Куманово и нејзините граѓани, ни криви ни должни уште еднаш, по кој знае кој пат повторно се доведуваат во дилема дали и во овие зимски услови, пак повторно пред Нова година, ќе има или не вода. Очигледно дека некој се поигрува со нивните нерви и веќе изгубеното трпение. Поаѓајќи од тоа, ЛДП и овој пат повторно ги повикува сите надлежни фактори, кои се надлежни и кои ја креираат севкупната политика на ниво на државата и на ниво на локалната самоуправа на разум, свест и изнаоѓање на взаемно прифатливо решение, кое ќе биде во корист на двете страни, а најповеќе за самите граѓани и кое конечно ќе ги ослободи нашите граѓани од стравот дека не се знае кога и во кое време ќе снема вода.- се вели во соопштението од ЛДП.